Браќата Карабатиќ го признаа обложувањето, но не го местеле натпреварот

Од:

Најдобриот ракометар на светот и француски репрезентативец, Никола Карабатиќ и неговиот брат Лука, признале дека се обложувале , но не и дека го наместиле натпреварот, рече денес нивниот адвоката Ерик Дипон Морети.

„Тие се обложиле, тоа е спортски прекршок не е кривично дело. За да интервенира правосудството во овој случај потребен е наместен натпревар, ама тоа го нема“ – рече адвокатот.

Адвокатот предупредил дека „обвинителот е тој што терба да докаже дека натпреварот е наместен“.

„Овие луѓе најрешително отфрлаат дека учествувале во местење, тие не се лажговци, натпреварот не е наместен“ изјави Дипон Морети.

 

Инаку девојката на Лука, Џени Прие, претходно преку својот адвокат призна дека уплатила облог на пораз на Монпеље, а парите и инструкциите и ги дал лично Лука Карабатиќ.

 

 

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП