Ботас победник на трката за ГН на Абу Даби

Од:

На последната трка од оваа сезона во Формула 1 која што се возеше во Абу Даби најуспешен беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој заврши пред неговиот тимски колега и нов шампион Луис Хамилтон.

На подимот освен нив се искачи и возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека позади него заврши неговиот тимски колега Кими Раиконен.

Нов шампион е Луис Хамилтон со 363 освоени поени, а зад него заврши Фетел со 317.

Денешниот победник Ботас заврши на третото место на табелата на генералниот пласман со 305 поени, додека кај поредокот за конструктори убедливо победи Мерцедес, пред Ферари и Ред Бул.

Следната сезона од Фортмула 1 започнува на 25 март идната година со трката за Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин