Екипата на Борусија Дортмунд на задоволство на нејзините навивачи конечно фати победнички ритам. „Милионерите“ синоќа на гостувањето кај Штутгарт триумфираа со 3:2 и влегоа во серија од три победи.
Со трите бода Борусија се оддалечи од опасната зона на испаѓање и веќе е блиску до средината на табелата.
За Штутгарт ова беше 12. пораз сезонава по кој остана на дното на табелата.
Денеска се играат шест натпревари од 22.коло: Шалке – Вердер, Мајнц – Ајнтрахт, Аугсбург – Баер, Фрајбург – Хофенхајм, Падерборн – Баерн и Келн – Хановер.
Колото ќе се комплетира утре со дуелите Хамбургер – Борусија Менхенгладбах.
Табела: Баерн Минхен 52 бода, Волфсбург 44, Борусија Менхенгладбах 36, Шалке 34, Аугсбург 34.