Борусија нема да го брани трофејот од германскиот куп

Од:

Екипата на Борусија Дортмунд нема да има шанси да го брани трофејот од Купот на Германија освоен минатата година, откако синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен загуби од Баерн и е елиминирана во четвртфиналната фаза.

Единствениот гол за домаќините вреден пласман во полуфиналето го постигна Арјен Робен во 43.минута.

Место помеѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување синоќа обезбеди и Штутгарт кој на домашен терен го совлада Бохум со 2:0.

Полуфиналисти во вторникот станаа Фрајбург по гостинската победа над Мајнц со 3:2 (по продолжение) и Волфсбург со победата на гости против Офенбах со 2:1.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска