Екипата на Борусија Менхенгладбах успеа да освои еден бод на последниот натпревар од 1. коло од Бундес лигата откако во последната минута постигна гол против Штутгарт. Стрелец на израмнувачкиот гол за 1:1 беше Кристоф Крамер. Инаку, Штутгарт поведе со 1:0 преку Александру Максим во 51.минута.
Мајнц на нашиот Николче Новески денеска одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Падерборн.
На вчера одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Хофенхајм – Аугсбург 2:0, Хановер – Шалке 2:1, Херта – Вердер 2:2, Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 1:0, Келн – Хамбургер 0:0 и Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 0:2.
Во петокот шампионот Баерн го победи Волфсбург со 2:1.