Борусија го продолжи договорот со Фавр

Од:

Борусија Дортмунд потпиша нов двeгодишен договор со тренерот Лусиен Фавр. Договорот на 61-годишниот стратег е до јуни 2021 година.

Швајцарецот го презеде тимот минатото лето и го однесе на второ место во пласманот. Под негово водство, за прв пат по години, Борусија имаше шанса да ја освои титулата и до последно водеше битка со Баерн за првото место.

– Со нетрпение очекувам да продолжам со конструктивна и успешна работа со клубот, рече Фавр по продолжувањето на договорот.

Извршниот директор на тимот од Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке рече дека тренерот на 100% ги оправдал очекувањата.

– Лусиен создаде јасни структури и ги разви нашите играчи, додаде тој.

Раководството на Борусија го поддржа менторот и на трансфер пазарот, со тоа што клубот веќе ги привлече Нико Шулц, Торган Азар и Џулијан Брант.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска