Борусија ги загуби Иско и Алкантара, се насочува кон Мартинез

Од:

Бундеслигашот Борусија Дортмунд не успеа во трката со Реал Мадрид и Баерн Минхен околу ангажманот на младите шпански фудбалери Иско и Алкантара, а следна цел е засилување со играчот на Порто, колумбискиот интернационалец Џексон Мартинез.

– Сакавме да ги доведеме Иско и Алкантара, но бев речиси сигурен дека немаме шанси за нивниот потпис. Во моментов имам во план неколку напаѓачи. Еден од нив е Џексон кој е доста квалитетен има добра техника и знае добро да игра без топка и да освојува простор, изјави Јирген Клоп, тренерот на европскиот и германски вицепрвак.

26-годишниот Џексон Мартинез има важечки договор со Порто до 2016 година. Кариерата ја започна во Индепендиенте Меделин, потоа настапуваше за Чиапас од каде што премина во Порто.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска