Бундеслигашот Борусија Дортмунд не успеа во трката со Реал Мадрид и Баерн Минхен околу ангажманот на младите шпански фудбалери Иско и Алкантара, а следна цел е засилување со играчот на Порто, колумбискиот интернационалец Џексон Мартинез.
– Сакавме да ги доведеме Иско и Алкантара, но бев речиси сигурен дека немаме шанси за нивниот потпис. Во моментов имам во план неколку напаѓачи. Еден од нив е Џексон кој е доста квалитетен има добра техника и знае добро да игра без топка и да освојува простор, изјави Јирген Клоп, тренерот на европскиот и германски вицепрвак.
26-годишниот Џексон Мартинез има важечки договор со Порто до 2016 година. Кариерата ја започна во Индепендиенте Меделин, потоа настапуваше за Чиапас од каде што премина во Порто.