Фудбалерите на Борусија Дортмунд го забележаа единаесеттиот сезонски пораз во Бундеслигата, откако синоќа пред своите навивачи во натпревар од 19.коло загубија од Аугсбург со 1:0.
Разочарувањето кај навивачите на „милионерите“ освен од последното место на табелата е уште поголемо поради тоа што Борусија против Аугсбург последните триесетина минути ги играше со фудбалер повеќе, но и тоа не помогна да се избегна поразот.
Резултати на другите четири средби одиграни синоќа: Келн – Штутгарт 0:0, Херта – Баер Леверкузен 0:1, Хофенхајм – Вердер 1:2 и Падерборн – Хамбургер 0:3.
Во вторникот: Баерн Минхен – Шалке 1:1, Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург 1:1, Хановер – Мајнц 1:1 и Борусија Менхенгладбах – Фрајбург 1:0.
Табела: Баерн Минхен 46 бодови, Волфсбург 38, Борусија Менхенгладбах 33, Аугсбург 33, Баер Леверкузен 32, Шалке 31,…