Борусија Дортмунд успеа да постигне исклучително тешка победа со 2:1 над Ајнтрахт Брауншвајг на својот “Сигнал Идуна Парк” во средба од 2-то коло на Бундеслигата.
Првиот погодок за домаќините беше дело на младиот Јонас Хофман, кој влезе како резерва и во 75. минута успеа да реализира. Тој изработи и пенал за својот тим, кој беше реализиран од Марко Ројс во 86. минута. Минатиот натпревар против Аугсбург младиот фудбалер исто така изнуди пенал.
За гостите голот беше дело на Крац во 89. минута, а до овој погодок дојде откако топката се одби и во главата на Левандовски.