Фудбалерите на Борусија Дортмунд пред своја публика го победија Хофенхајм со 1:0 во првиот меч од 14. коло на Бундеслигата.
Тимот на Јирген Клоп стигна до четвртата победа во сезоната и барем за кратко избега од дното на табелата и зоната на испаѓање со 14 бода. Хофенхајм остана на 7. позиција со 20 бода.
Победничкиот погодок за „милионерите“ беше дело на Гундоган во 17. минута.
Борусија имаше повеќе шанси, па резултатот можеше да биде и поубедлив. На Обамејанг му беа поништени два гола заради офсајд во 53. и 72. минута.