Екипата на Борусија Дортмунд конечно ја прекина серија без победа откако попладнево во дуел од 20.коло од Бундес лигата како гостин го победи Фрајбург со 3:0. Ова е вкупно петта победа за „милионерите“ и со 19 бодови се искачија за две места на табелата и сега се на 16. позиција.
На другите дуели одиграни денеска: Келн – Падерборн 0:0, Мајнц – Херта 0:2, Штутгарт – Баерн 0:2 и Волфсбург – Хофенхајм 3:0. Во терминот од 18:30 часот играат Хамбургер и Хановер. Вчера Шалке – Борусија Менхенгладбах 1:0.
Утре играат: Вердер – Баер Леверкузен и Аугсбург – Ајнтрахт.
Табела: Баерн 49 бодови, Волфсбург 41, Шалке 34, Борусија Менхенгладбах 33, Аугсбург 33, Баер Леверкузен 32.