Борусија Дортмунд го победи Ливерпул во Индијана

Од:

Тимот на Борусија Дортмунд го победи Ливерпул со 3:2 во првиот меч на црвените од нивната предсезонска турнеја, одигран на стадионот „Нотр Дам“ во Саут Бенд, Индијана. Ливерпул беа без голем дел од главните фудбалери, вклучувајќи Роберто Фирмино и Алисон кои до неодамна беа ангажирани на Копа Америка, како и Садио Мане и Мохамед Салах кои зедоа учество во Купот на африканските нации.

Играчите на Борусија ги казнија дефанзивните грешки на неискусниот тим, на кој менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обложи против неговиот поранешен тим. Во третата минута напаѓачот на Дортмунд, Пако Алкасер го отвори резултатот, но во 35-тата минута Хари Вилсон израмни. Во вториот дел во рамките на пет минути германскиот тим стигна до нови два гола, дело на Томас Дилејни и Јакоб Брун Ларсен, а 15 минути пред крајот Рајан Брустер ги оформи конечните 2:3 од пенал.

„Натпреварот беше тежок за двата тима. Видoв многу добри работи и добри индивидуални перформанси, но очигледно ова не е доволно. Ние сме многу далеку од нивото, на кое треба да бидеме, рече Клоп по мечот.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска