Фудбалерите на Борусија Дортмунд успеаја да се вратат од 0:2 на синоќешниот натпревар со Штутгарт одигран на домашен терен во рамките на 5.коло од Бундес лигата.
Даниел Дидави со погодоците во 48. и 68.минута му донесе убава предност на својот тим која на крајот сепак се покажа како недоволна за победа, бидејќи Борусија прво намали во 78.минута преку Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа преку Чиро Имобиле (86.минута) стигна до бод.
Резултати во 5.коло на германската Бундес лига: Баерн Минхен – Падерборн 4:0, Хофенхајм – Фрајбург 3:3, Вердер – Шалке 0:3, Ајнтрахт – Мајнц 2:2, Борусија Дортмунд – Штутгарт 2:2, Баер Леверкузен – Аугсбург 1:0, Борусија Менхенгладбах – Хамбургер 1:0, Хановер – Келн 1:0 и Херта – Волфсбург 1:0.
Табела: Баерн Минхен 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Хановер 10, Хофенхајм 9, Мајнц 9, Борусија Менхенгладбах 9,…