Борко Ристовски пред трансфер во Атлетико Мадрид

Од:

Шпанскиот ракометен великан Атлетико Мадрид, во чии редови настапува Кире Лазаров почнал преговори со германскиот Гумерсбах, за трансфер на Борко Ристовски во нивните редови, објави Дневник.

Според весникот, откако ветеранот на голот на Атлетико, Хозе Омбрадос ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, раководството на шпанскиот клуб тргнал во потрага по замена за нивниот капитен.

Меѓу оние што се споменуваат како најсериозни кандидати бил и напиот Ристовски.

„Точно е дека Атлетико е заинтересиран за мене. Тоа ми го потврдија и во клубот. Веќе имало и контакти на релација Атлетико – Гумерсбах. И тренерот Талант Душебаев се распрашувал за можноста да преминам во Мадрид. Не знам како ќе се одвиваат работите зашто знам дека Германците бараат големо обесштетување за мене. Kолку и дали е Атлетико подготвен да плати, ќе знам деновиве“, вели Ристовски за Дневник.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ