Фудбалерите на Бордо го освоија Купот на Франција откако во финалето синоќа на „Сент Дени“ во Париз го победија Евиан со 3:2. Ова беше четврти трофеј за „жирординците“ во своето десетто финале. Евиан во првото финале не успеа да стигне до пехар.
Решавачкиот гол Бордо го постигна во 89. минута преку Дијабате. Инаку, истиот фудбалер во 39. минута донесе водство на својата екипа, за потоа на почетокот на вториот дел (49.минута) не успеа да реализира пенал. Евиан изедначи во 51. минута преку Сагбоа, а во 54. минута Сеиве донесе ново водство за Бордо од 2:1. На 2:2 изедначи Џаџеџе во 70.минута од натпреварот.
Голот во претпоследната минута на екипата на Бордо покрај победата од 3:2 и пехарот во Купот на Франција им донесе пласман следната сезона во групите од Лига Европа.