Последното 38. коло во фудбалскиот шампионат на Франција ќе донесе голема борба за опстанок во елитната Лига 1.
Откако веќе се распределени местата на екипите кои ќе ја претставуваат Франција на европската сцена следната сезона, останува во последната рунда да се види кои два тима покрај Нанси, ќе се преселат во понизок ранг на натпревраување.
Дижон, Каен, Лориен и Бастија се тимовите кои се борат за опстанок.
Двојките за последната рунда се:
Енгерс – Монпеље
Рен – Монако
Париз Сен Жермен – Каен
Нанси – Сент Етјен
Олимпик Марсеј – Бастија
Олимпик Лион – Ница
Лориен – Бордо
Лил – Нант
Генгамп – Мец
Тулуз – Дижон
Сите натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот.
Табела: Монако 92 бодови, ПСЖ 86, Ница 77, Олимпик Лион 66,… Дижон 36, Каен 36, Лориен 35, Бастија 34 и Нанси 32.