Легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, кој започна да се занимава професионално со фудбал, наскоро би можел да потпише договор со голем европски клуб.
Болт последните неколку седмици тренира со австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс, за кој настапи на неколку натпревари.
– Еден европски клуб му понуди на Болт двегодишен договор. Станува збор за клуб кој неодамна доби нов сопственик и е фокусиран на Лигата на шампионите, наведе агентот на легендарниот јамајкански спортист.
Минатата седмица Болт ги постигна првите два официјални погодоци во кариерата.