За прв пат во клупската историја, екипата на Бока јуниорс го освои Супер купот на Аргентина. Во решавачкиот натпревар, клубот од Буенос Аирес ноќеска во Мендоза го порази Росарио Централ на пенали со 6:5.
Пред изведувањето на ударите од 11 метри натпреварот заврши без голови 0:0.
Супер купот на Аргентина се игра од 2012 година. Бока јуниорс во минатите изданија три пати загуби во финалето, вклучувајќи ја и ланската сезона.