Блатер најавува видео „челенџ“ во фудбалот

Од:

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер конечно најавува примена на технологијата во фудбалската игра, како што е тоа случај во тенисот и кошаркарската НБА лига.

Првиот човек на ФИФА, Блатер изјави дека од следната година ќе се користи видео снимката за решавање на спорните моменти во фудбалската игра. Користењето на видео снимките ќе биде за почеток експериментално, а прво ќе биде тестирано во националните првенства и на Светското првенство за играчи до 20 години кое ќе се одржи во Нов Зеланд следната 2015 година.

Идејата на Блатер е видео снимките да се користат како при тенискиот „челенџ„ односно тренерите ќе имаат право еднаш или двапати во текот на едно полувреме да ја оспорат одлуката на судијата и да побараат да се прегледа видео снимката. Блатер кој до неодамна беше голем противник на примената на видео технологијата, прв пат јавно призна дека видео технологијата може да придонесе за решавање на спорните ситуации, кои пред се може да влијаат за конечниот исход на фудбалските натпревари, па така „гол технологијата„ беше применета на Светското првенство во Бразил летово.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА