Кошаркарите на ТФТ Скопје го претрпеа четвртиот пораз во седмиот натпревар во рамки на групата Б во регионалната БИБЛ лига, откако вечерва загубија од екипата на Сигал на гостувањето во Приштина со 73:80 (31:42).
Со вечерашниот пораз ТФТ Скопје остана на второто место на табелата пред следниот предизвик на 15 декември на домашен терен против црногорски Ибар.
Најефикасен во редовите на ТФТ Скопје и воедно на натпреварот против косовскиот Сигал беше Ландриус Хортон со 19 поени, додека Страхил Николов уфрли 16 поени.
Вториот македонски претставник во БИБЛ лига, Академија ФМП, в среда во Ботевград против Балкан ќе го одигра својот четврти натпревар во рамки на групата А, а трет на гостински терен.