Нерешено без постигнат гол заврши последниот натпревар од 20.коло во италијанската Серија А меѓу Сампдорија и Милан одигран синоќа во Џенова.
Со освоениот бод Милан е седми со 31, а Сампдорија е 15.та со 21 бод.
Лацио и Наполи го искористија „киксот“ на Јувентус и ја намалија бодовната разлика на врвот на табелата.
Постигнати резултати на другите средби од оваа рунда: Торино – Сиена 3:2, Лацио – Аталанта 2:0, Удинезе – Фиорентина 3:1, Каљари – Џенова 2:1, Парма – Јувентус 1:1, Наполи – Палермо 3:0 и Катанија – Рома 1:0, Болоња – Киево 4:0 и Интер – Пескара 2:0.
Табела: Јувентус 45 бодови, Лацио 42, Наполи 40, Интер 38, Фиорентина 35, Рома 32,…