Без победник на дербито во Леверкузен

Од:

Нерешено со резултат 2:2 заврши вечерва дербито во Леверкузен меѓу Баер и Борусија Дортмунд.

Ларс Бендер во 7. минута донесе водство за домаќините, а Оливер Кирх изедначи во 30. минута. По само пет минути Леверкузен повторно водеше со голот на Гонзало Кастро. Борусија преку Марко Ројс од пенал (39. минута) по вторпат изедначи.

Резултати на другите денешни натпревари од 32. коло во Бундес лигата:

Баерн Минхен – Вердер 5:2, Волфсбург – Фрајбург 2:2, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт 0:0, Мајнц – Нирнберг 2:0 и Херта – Ајнтрахт Брауншвајг 2:0. Вчера Хановер – Штутгарт 0:0.

Колото утре ќе го комплетираат Аугсбург – Хамбургер и Шалке – Борусија Менхенгладбах.

Табела: Баерн Минхен 84 бодови, Борусија Дортмунд 65, Шалке 58, Баер Леверкузен 55, Волфсбург 54, Мајнц 50,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска