Без изненадувања во кошаркарската Супер лига

Од:

Во македонската кошаркарска Супер лига денеска беа одиграни трите натпревари од 4.коло, на кои немаше изненадувања.

Во салата „Градски Парк’’ во Скопје, екипата на Работнички го победи Куманово со 91:84.

Во редовите на домашната екипа петмина играчи имаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа, Дарко Соколов и Ѓорѓи Чековски со 21 односно 20 поен.

Со идентичен резултати 91:84 победа забележа и шампионот, МЗТ Скопје Аеродром кој пред својата публика беше подобар од Карпош Сокови. Предраг Самарџиски со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скокови беше најдобриот играч во редовите на МЗТ Скопје.

На последната средба во Кавадарци, Фени Индустри е поразен од Кожув со 74:79.
Табела: МЗТ Скопје А. 35 бодови, Работнички 34, Куманово 32, Фени Индустри 32, Карпош Соколи 32 и Кожув 30.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он