Завршната пресметка од четвртиот ден го донесе првиот натпревар без голови на ЕУРО2020, откако Шпанија и Шведска ги поделија бодовите вечерва во Севиља не реализирајќи ниту една од многубројните шанси и на двете страни.
За Шпанија ова беше прв натпревар на кој Црвената фурија не постигна гол на натпревар на континенталните собири од ЕУРО1996, додека Шведска ја прекина серијата од пет победи во серија со која допатува на Европското првенство.
Претходно денеска во групата Е, Словачка ја совлада фаворизираната Полска со 2:1.
Првото коло од групната фаза на ЕУРО2020 ќе биде комплетирано утре кога Португалија во Будимпешта ја почнува одбраната на титулата против Унгарија, додека во вториот натпревар од групата Ф, Германија во Минхен ја пречекува Франција.