Бешикташ, Генк и Селта четвртфиналисти во Лига Европа

Од:

Екипите на Бешикташ, Генк и на Селта се првите три кои обезбедија пласман во четвртфиналето во Лига Европа по вечерва одиграните реванш дуели од осминафиналето.

Бешикташ го победи Олимпијакос со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Во дуелот на белгиските екипи меѓу Генк – Гент вечерва беше 1:1 и во вкупниот резултат е 6:3 за Генк, додека Селта победи и во двата натпревара против Краснодар. Вечерва беше 2:0 или вкупен резултат од 4:1.

Во терминот од 21:05 часот се играат пет реванш натпревари од оваа фаза: Ајакс – Копенхаген (1:2 прв натпревар), Манчестер Јунајтед – Ростов (1:1), Рома – Олимпик Лион (2:4), Борусија Менхенгладбах – Шалке (1:1) и Андерлехт – АПОЕЛ (1:0).

Извлекувањето на двојките за четвртфиналето ќе се одржи утре во Нион со почеток во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска