Претседателот на Милан, Силвио Берлускони изјавил дека можеби ќе биде принуден да продаде одреден дел од акциите на клубот на странските инвеститори.
Берлускони (76) е сопственик и претседател на Милан уште од 1986. година, и сака да го задржи семејното име во клубот, но веројатно ќе мора да продаде дел од клубот на странски инвеститори.
„Мораат да се стекнат одредени услови за тоа. Би сакал семејството Берлускони да остане дел од клубот. Изминатите години трошевме многу пари, можеби и премногу, но Милан стана еден од најуспешните тимови во светот. Клубот е дел од моето семејство и сакам тоа така и да остане. Сепак, доколку бидат потребни финансии од странски инвеститори ќе морам да допуштам да влезат во клубот. Посебно, доколку кризата продолжи“, – изјавил Берлускони.