Берлускони: Милан ќе гради нов стадион

Од:

Претседателката на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Барбара Берлускони, говорејќи за плановите на калчолигашот, најави дека клубот до 2020 година ќе се пресели на нов стадион.

– Милан ќе добие нов модерен стадион. Макетата на стадионот е речиси готова. На почетокот од 2015 година ги очекуваме првичните реакции, а потоа ќе се планира изградбата. Планот е целиот проект да биде реализиран до 2020 година, изјави Берлускони.

Таа додаде дека во изградбата на стадионот нема да има никакви финансиски проблем, поради, како што рече, големата заинтересираност на многу компании да бидат вклучени во проектот.

Милан своите натпревари како домаќин ги игра на „Сан Сиро“ уште од далечната 1926, а од 1947 година стадионот во Милано го дели со градскиот ривал Интер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска