Бензема против ПСЖ треба да разбива два малери

Од:

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, нема убави сеќавања од меѓусебните дуели против ПСЖ, клубот на кој Реал ќе му гостува утре во првото коло од Лигата на шампионите.

Искусниот француски голгетер, во кариерата одиграл 10 меча против париските „светци“, и има постигнато само еден гол, и тоа на првиот дуел, во јули 2006 година, кога го носеше дресот на Лион. Како член на Реал, Бензема двапати се соочи со ПСЖ и не успеа да се запише во листата на стрелци.

Но, мрежата на ПСЖ не е единствениот проблем за Бензема. На голот на францускиот првак ќе биде Кејлор Навас, голман на кој Бензема му нема дадено гол на двата официјални натпревари на кои се соочиле. Навас и Бензема шест сезони беа соиграчи во Реал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска