Белгискиот репрезентативец Кристијан Бентеке постави нов светски рекорд, со најбрз гол во квалификации за Светско првенство.
Тој синоќа по само седум секунди го совлада голманот на Гибралтар и влезе во историјата на светскиот фудбал.
Бентеке до моментот на излегување од игра имаше уште две реализации (43 и 56.минута).
Натпреварот заврши со победа на Белгија од 6:0.