Бенфика и Севиља во борба за трофејот во Лига Европа

Од:

Екипите на Бенфика и на Севиља вечерва на „Јувентус Арена“ во Торино го играат финалето од Лига Европа.

Португалскиот тим од Лигата на шампионите каде беше третопласиран во групната фаза стигна до финалниот дуел во ова натпреварување откако во нок аут натпреварите ги победи: ПАОК, Тотенхем, АЗ и Јувентус.

За разлика од нив шпанска Севиља по двете квалификациски кола успешно ја мина групата во Лига Европа и потоа во нок аут фазата ги елиминира: Марибор, Бетис, Порто и Валенсија.

Севиља има 100% успех во финалните натпревари од Лига Европа откако под водство на Хуанде Рамос во 2006 година (финале против Мидлсброу) и во 2007 година (финале против Еспањол) го освојуваше пехарот.

Бенфика ќе се бори против традицијата бидејќи 32 години нема победа против тим од Шпанија. Уште подолг „пост“ имаат во финалните натпревари во еврокуповите каде 52 години немаат освоено трофеј. Бенфика има две титули во Лигата на шампионите (поранешен Куп на шампионите) во 1960 и 1961 година.

За тимот од Лисабон ова ќе биде 10.то финале во европските купови, а ги загуби последните седум, меѓу кои и ланското со Челзи (1:2) во Лига Европа.

Финалниот натпревар почнува во 20 часот и 45 минути, а ќе го суди Германецот Феликс Брих.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска