Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњез потпиша договор со Бенфика, објави португалскиот клуб. 21-годишниот напаѓач дојде од шпанска Алмерија за 24 милиони евра и со тоа стана најскапото засилување на Бенфика во историјата.
Нуњез потпиша петгодишен договор, а откупната клаузула е 150 милиони евра. Алмерија исто така ќе добие 20% од следната продажба.
Минатата сезона, во втората шпанска лига, Сегунда, тој одигра 30 натпревари и постигна 16 погодоци со две асистенции.
Дебитираше за репрезентацијата на Уругвај и постигна еден гол.
Бенфика со доведување на Нуњез ги победи бундеслигашките клубови, откако Волфсбург понуди 20 милиони, а Лајпциг беше многу заинтересиран.