Белами го напушти Кардиф по обвинувањата дека малтретирал млад фудбалер

Од:

Крег Белами, тренер на тимот до 18 години во академијата на Кардиф Сити, ја напушти функцијата поради обвинение дека малтретиран млад фудбалер. Поранешниот велшки репрезентативец ги негираше обвинувањата, но нема да работи повеќе во клубот.

Британските медиуми објавија дека Кардиф добил жалба против поранешниот напаѓач. Во тужбата се наведува дека 39-годишниот Белами малтретирал млад фудбалер кој го напуштил Кардиф по наводниот инцидент. Во тек е истрага.

Крег Белами, кој е поранешен фудбалер на Њукасл, Ливерпул и Манчестер Сити, ќе помогне во разјаснувањето на ситуацијата.

– Знам за обвинувањата против мене во медиумите. Ја разбирам потребата Кардиф да започне истрага за случајот околу овие обвинувања. Огорчен сум, но привремено ќе се откажам од мојата работа како тренер. Тажен сум од обвинувањата и од начинот на кој беа направени. Категорично ги отфрлам, изјави Белами, кој се откажа од фудбалот во 2014 година.

Во последните две сезони од неговата кариера, напаѓачот играше токму за Кардиф.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Велс падна пред храбрите Иранци