Бекам во ПСЖ, Кака на позајмица во Депортиво Ла Коруња

Од:

Англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам ќе биде нов лидер на Пари Сен Жермен, а бразилецот Рикардо Кака од Реал оди на шестмесечна позајмица во Депортиво Ла Коруња.

Според Би-Би-Си, 37-годишниот Бекам, кој по раскинувањето на договорот со Лос Анџелес Галакси е слободен играч, веќе е на пат за Париз за да потпише договор со „светците“.

Шпанските медиуми, пак,  денеска на последниот ден од зимскиот преоден рок, објавуваат дека е можно 31-годишниот Кака наредните шест месеци да ги помине во Ла Коруња како позјамен играч, откако не успеа да обезбеди место во првиот тим на Реал, а пропаднаа и обидите за негово враќање во Милан.

Миланските црвено-црни во меѓувреме ги завршија сите формалности околу трансферот на Марио Балотели. Тој ќе остане во Милан до 2017 година и ќе го носи дресот со број 45.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска