Англискиот интернационалец Дејвид Бекам кој во зимскиот преоден рок потпиша за францускиот прволигаш Париз Сен-Жермен своето деби за новиот клуб се очекува да го има на 24 февруари.
– Бекам треба уште да поработи на физичката подготвеност. За следното коло против Сошо не верувам дека ќе биде потполно подготвен за настап, но се надевам дека ќе дебитира на 24 февруари против Олимпик Марсеј, истакна тренерот на „светците“ од Париз, Карло Анчелоти.
Дејвид Бекам и покрај тоа што не игра, веќе го исплатува својот трансфер во Париз. Клубот само од продажба на дресови со името на Бекам досега има остварено добивка од преку една милијарда фунти.
ПСЖ се наоѓа на првото место во Лига 1 со шест бодови предност пред најблискиот конкурент за шампионската титула.