Бекам ќе дебитира против Марсеј

Од:

Новото засилување на Пари Сен Жермен, Дејвид Бекам очекува дека првиот настап за францускиот состав ќе го има вечерва во големото дерби против Олимпик од Марсеј.

“Во текот на кариерата сум одиграл многу големи натпревари како што се дуелите меѓу Милан и Интер, Реал Мадрид и Барселона и мислам дека ќе биде прекрасно ако бидам дел и од двобојот против Олимпик” – изјави Бекам.

Тренерот на Пари Сен Жермен, Карло Анчелоти пред стартот на дербито се соочува со многу проблеми околу составувањето на екипата. Тој се уште на располагање ги нема Тијаго Мота, Мамаду Сако и Тијаго Силва, но се очекува во тимот да се вратат Лукаш Моура и Алекс.

Токму отсуството на некои од фудбалерите може да биде причина повеќе Анчелоти да се реши да му даде шанса на Бекам, кој малку доцнеше со подготовките за стартот на вториот дел од сезоната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска