Бејл донира повеќе од 1 милион евра за болниците во Шпанија и Велс

Од:

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Гарет Бејл донираше повеќе од 1 милион евра на две здравствени установи во неговата родна земја Велс и Шпанија. Крилото пресе 500.000 фунти (615 000 долари) на Националниот институт за здравство во Велс и 500.000 евра во болници во Мадрид.

Во видеото објавено на веб-страницата „Кардиф и Велс черити“, фудбалерот му се заблагодарува на целиот тим за континуираната работа и пожртвуваност во борбата против вирусот КОВИД-19.

– Болницата на Универзитетот во Велс има посебно место во моето срце како институција. Ова е местото каде што сум роден, тука сме добиле огромна поддршка, како јас, така и моите пријатели, моето блиско опкружување и семејството. Затоа сакам да ја изразам својата поддршка за нив на некој начин, вели Бејл.

Болницата исто така изрази благодарност до sвездата на Реал (Мадрид) за неговата финансиска поддршка и неговата сопруга Ема.

Во шпанската престолнина, парите биле префрлени во добротворна организација што ќе ги пренесе на разни установи.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска