Бејл донесе уште една победа за Тотенхем

Од:

Екипата на Тотенхем повторно стигна до победа, а најзаслужен беше Герет Бејл, кој на уште еден натпревар постигна два гола, а решавачкиот во последната минута. Тотенхем во последниот натпревар од 27. коло одигран синоќа го победи градскиот лондонски ривал Вест Хем на негов терен со 3:2.

Освен Бејл кој погоди во 13.та и 90.та минута, гол за „спарси“ постигна и Гулфи Сигурдсон (76.минута).

За домаќините стрелци беа екс играчите на Ливерпул Енди Керол (25.минута – пенал) и Џо Кол (56.минута).

Со оваа победа Тотенхем изби на третото место на табелата со 51 бод, зад Манчестер Јунајтед со 68 бодови и Манчестер Сити со 56.

Вест Хем остана на 30 бодови и на 14 место.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска