Базел единствен непоразен гостински тим во четвртфиналето од Лига Европа

Од:

Само фудбалерите на Базел успеаја да останат непоразени на синоќешните први четвртфинални средби од Лигата на Европа на УЕФА. Швајцарскиот претставник во Лондон одигра 2:2 против фаворизираниот Тотенхем.

Базел беше и пред победа, бидејќи до 34.минута водеше со 2:0, но домаќините до крајот постигнаа два гола.

На другите три натпревари победи за домашните екипи.

Челзи во Лондон го совлада Рубин Казан со 3:1 најмногу по заслуга на Фернандо Торес кој постигна два гола и покажа дека се враќа во голгетерска форма.

Во Истанбул, Фенербахче си создаде убава позитива од 2:0 пред реваншот во Рим кај Лацио. Турскиот претставник головите ги постигна во вториот дел, откако Лацио остана со играч помалку поради исклучувањето на Огени Онази.

Со два голови предност на реванш ќе патува и Бенфика по победата над Њукасл со 3:1 направена со пресврт откако англискиот клуб поведе со 1:0.

Реваншите се закажани за 11 април.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска