Екипата на Бастија успеа да освои бод во дуелот со лидерот на табелата Монако на првиот натпревар од 26.коло од Лига 1.
Синоќа овие две екипи одиграа нерешено 1:1. Бастија поведе во 19. минута преку Садио Диало, а Монако изедначи преку Бернардо Силва во 52.минута. Со освоениот бод Бастија остана на претпоследната позиција на табелата со 23 бодови, додека Монако е лидер, но конкурентите доколку победат можат да ја намалат разликата.
Денеска се играат пет натпревари од 26.коло, а двојките се: Олимпик Марсеј – Рен, Анже – Нанси, Каен – Лил, Лориен – Ница и Мец – Нант.
Во недела ќе играат: Бордо – Генгамп, Олимпик Лион – Дижон, Монпеље – Сент Етиен и ПСЖ – Тулуз.
Табела: Монако 59 бодови, ПСЖ 55, Ница 53, Олимпик Лион 40, Сент Етиен 39, Олимпик Марсеј 36, Бордо 36