Екипите на Бастија и на Лил освоија по еден бод на првиот натпревар од 36. коло од француската Лига 1 играјќи 1:1.
Освоениот бод на Лил не ја потврди третата позиција на табелата бидејќи теоретски Сент Етиен сеуште има шанса за 3. место.
Поради финалето на Купот на Франција меѓу Рен и Генгамп што се игра вечерва, утре ќе се играат седум натпревари од ова коло: Сент Етиен – Монпеље, Лориен – Ајачио, Ремс – Евиан, Сошо – Ница, Тулуз – Нант, Валенсиен – Бордо и Олимпик Марсеј – Олимпик Лион.
Натпреварите на финалистите од ова коло ќе се играат во среда: Монако – Генгамп и ПСЖ – Рен.
Табела: ПСЖ 83 бодови, Монако 75, Лил 68, Сент Етиен 60, Олимпик Лион 58, Олимпик Марсеј 53,…