Барселона започна преговори со Фати за нов договор

Од:

Раководството на Барселона започна преговори со напаѓачот на тимот Ансу Фати за нов договор, пишува „Марка“.

Актуелниот договор со 18-годишниот Шпанец истекува за две години, па Каталонците решија да побрзаат и да потпишат нов договор со подобрени услови за да не го загубат талентираниот напаѓач.

Оваа сезона во Ла Лига Фати одигра седум натпревари, на кои постигна четири гола и оствари две асистенции. Во моментов напаѓачот се лекува по операција на коленото. Според прелиминарните податоци, Фати ќе пропушти до четири месеци.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска