Барселона понуди 10 милиони евра за Ерик Гарсија

Од:

Барселона сака да го купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија. Каталонскиот клуб понуди 10 милиони евра за 19-годишниот Шпанец, но беше одбиен, пишува „Ел Мундо Депортиво“.

Каталонците се подготвени да ја зголемат својата понуда на 15 милиони, а доколку Британците повторно одбијат, Шпанците ќе почекаат до летото 2021 година, кога истекува договорот на играчот со „граѓаните“ по што тој ќе може да си замине бесплатно.

Претходно, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор. Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари на сите турнири.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска