Барселона може да го продаде Тер Штеген на Баерн поради финансиски проблеми

Од:

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген би можел да стане играч на Баерн Минхен, објавија некои шпански медиуми.

Клубот од Минхен останува заинтересиран за играчот, а Барселона ќе биде принудена да се согласи на трансфер поради тешката финансиска состојба. Претходно беше објавено дека Барса може да започне стечајна постапка доколку играчите не се согласат на намалување на платите.

Баерн верува дека голманот ќе може да го замени Мануел Нојер во тимот. Сумата за трансфер ќе биде околу 80 милиони евра.

Дваесет о осумгодишниот Германец игра во Барселона од 2014 година по трансферот од Борусија Менхенгладбах. Во тековната сезона тој не играше поради повреда. Договорот на играчот истекува во летото 2025 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска