Барсeлона ќе ги замоли Пике, Бускетс, Алба и Серхи Роберто за намалување на платите

Од:

Неколку договори на играчи на Барселона се предмет на преговарање, пренесува „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на „Радио Каталуња“.

Раководството на каталонскиот клуб ќе ги замоли Џерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто да се согласат на намалување на платите.

Барањето на клубот се должи на тешката економска состојба во која се најде Барселона поради пандемијата на коронавирус.

Новиот тренер Роналд Куман веќе им соопшти на неколку играчи дека нема да смета на нив, па доколку некој од нив се сложи да си замине и тоа ќе придонесе за подобрување на финансиската состојба.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска