Барселона има освоена само осум бода по шест кола во Ла Лига, првпат по 18 години

Од:

Фудбалскиот клуб Барселона, покрај финансиска, се наоѓа и во резултатска криза. Каталонците синоќа ремизираа на гостувањето кај Алавес (1:1) во рамките на 8. коло од шпанското првенство.

Барселона под водство на Роналд Куман има освоено само осум бода по шест натпревари во Ла Лига. Ова се случува првпат од сезоната 2002/03, кога тимот го водеше Луј ван Гал.
Воедно, ова е најлошиот резултат на Барселона во Ла Лига откако се доделуваат три бода за победа во натпревар од лигата.

На крајот од таа сезона, каталонскиот клуб заврши на 6. Место.

Екипата нема победа во Ла Лига веќе еден месец. Серијата на Барселона без победи трае четири натпревари – два пораза, две нерешени средби.

Следниот натпревар во домашниот шампионат Барселона го игра на 7 ноември, со Бетис на домашен терен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска