Барселона го елиминира Рајн Некар Левен

Од:

Ракометарите на Барселона изборија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони, откако во четвртфиналниот реванш го совладаа Рајн Некар Левен со 31:24.

Барса на завршниот турнир ќе патува благодарение на повеќе постигнати голови на гостински терени, Рајн Некар Левен првиот меч го доби со 31:24.

Најголемиот фаворит за титулата во Лигата на шампиони, прашањето околу пласманот во Келн го реши во последните десет минути кога со серија од 6:0 стигна до посакувата разлика.

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров во победата на Барселона учествуваше со два гола.

Претходно пласман на завршниот турнир изборија Флензбург и Веспрем, а последниот патник ќе биде познат откако четвртфиналниот реванш ќе го одиграат Кил и Металург.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП