Екипата на Вулверхемптон е многу близу до привлекување на десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Wolves are ‘one step away’ from signing Nelson Semedo. New bid submitted yesterday and Barcelona are now ready to accept. Work in progress also on personal terms to be agreed.
On next hours Barça are gonna sell Semedo to #Wolves and Vidal to #Inter. Here we go soon! ? #FCB— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 20, 2020
Во саботата „волците“ дадоа понуда што Каталонците се подготвени да ја прифатат.
Според неофицијални информации, таа е во рамките на околу 30 милиони фунти.
Останува само да се разјаснат личните услови на Семедо пред да се финализира зделката.
Според Романо, трансферот ќе биде затворен во следниве часови, а во меѓувреме Барселона ќе се раздели и со играчот за врска Артуро Видал, кој оди во италијански Интер.