Екипата на Бари која се натпреварува во италијанската Серија Б, новата сезона ќе ја почне со минус четири бодови поради местење натпревари.
Акцијата на властите која е реакција на нечесните игри во италијанскиот фудбал не го одмина ниту Бари и повеќемина негови поранешни и сегашни играчи.
Клубот е казнет поради местени разултати на средбите од Серија Б, Бари – Тревизо (0:1) во 2008 година и Салернитана – Бари (3:2) во 2009 година.
Од фудбалерите суспензија од три и пол години доби поранешниот голман на Бари и сегашен член на Торино, 34-годишниот Белгиец Жан-Франсоа Жиле.
Уште 19 други играчи учесници на нерегуларните натпревари добија казни од пола до четири години забрана за настап на натпревари.