Бајиќ дополнително го повика Бакоч

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, упати повик до Филип Бакоч кој веднаш се приклучи на подготовките за претстојните претквалификации за Мундобаскет 2023.

– Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли. Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје, изјави Бајиќ.

„Црвено-жолтите“ на претквалификацискиот турнир во Скопје ќе одиграат по два натпревара со Словачка и со Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Четврти Суперкуп трофеј за МЗТ Скопје Аеродром

Жрепката за новата кошаркарска сезона в четврток

А1он

ТФТ го освои трофејот на првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

Ана Ололовска

Гостивар го промовираше Американецот Ворку

Ана Ололовска

КК Гостивар: Времето ќе покаже дали заминувањето на Костоски е од лични причини

А1он

Бајиќ: Повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив

А1он